вторник, 29. септември 2020. Вести денес: 19
home Вести

Уште едно дете заболено од мали сипаници во Радишани: За 4 дена вакцинирани 220 дечиња

Уште едно дете заболено од мали сипаници во Радишани: За 4 дена вакцинирани 220 дечиња

По прогласување на епидемија на морбили во населбата Радишани, во која заболеа 5 дечиња и еден возрасен, уште едно дете заболено од мали сипаници. Здравствените власти велат дека се работи братче-близнак на детенце кое веќе боледува од сипаници.

Од минатата недела градинката „Ташко Караџа“ од страна на санитарните испектори е затворена, а 104 деца се дома и можно е да се заразени од овој вирус.

Во пунктовите на Здравствен дом е воведена вонредна вакцинација на децата кои ја немаат примено вакцината МРП и за само четири дена се вакцинирани 220 деца.

Од Здравствен дом Скопје потенцираат дека по прогласување на епидемијата во Радишани се отворени пунктовите за вакцинирање каде што граѓаните на Скопје кои не се вакцинирани можат да се имунизираат.

Коронавирус