недела, 23. септември 2018. Вести денес: 62
home Вести

Уште едно дете со дијабетес упатено на Детската клиника

Уште едно дете со дијабетес упатено на Детската клиника

Дете на возраст од шест години со возило на Итна медицинска помош од Охрид е упатено на Клиниката за детски болести во Скопје, изјави за МИА директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ), д-р Ирина Сотирова Бухова.

– Детето е во многу полесна состојба, свесно, контактибилно, значи  не е тешка клиничка состојба како што беше 14-годишното девојчето на КАРИЛ, рече Сотирова Бухова.

Од Детската клиника потврдија дека очекуваат во секој момент детето да биде донесено кај нив.

Станува збор за четврти случај на дете со дијабетес донесено на Клиниката за детски болести за само една недела.

Изминатите денови на Клиниката било донесено 14-годишно дете од Охрид во тешка здравствена состојба, кое поради сериозноста на здравствената состојба потоа е упатено на КАРИЛ,  а биле примени и деветгодишно од Гевгелија и тригодишно дете од Свети Николе кое сега е пуштено дома.