понеделник, 26. октомври 2020. Вести денес: 62
home Вести

Уште една пропадната мерка на власта, нема инвертер клими за сиромашните граѓани

Уште една пропадната мерка на власта, нема инвертер клими за сиромашните граѓани

Пропадна проектот кој бомбастично беше најавуван од Владата и од премиерот Зоран Заев за доделување ваучери за инвертер клими.

Со овој проект Владата најавуваше дека ќе се намали загаденоста на воздухот, но по неколкумесечните преписки меѓу министерствата и сите надлежни, ваучерите за инвертори останаа недоделени.

На стартот на грејната сезона, Град Скопје најавува нови правила при аплицирање, па така, сега наместо граѓаните да добиваат ваучери тие самите ќе треба од свој џеб да ги платат инвертерите, а потоа да се надеваат на локалната власт да им ги враќа парите. Но, ова не ја постигнува целта на мерката бидејќи како што беше најавувано со оваа мерка требаше да им се помогне на социјално ранливите категории на граѓани наместо да се греат на дрва да дојдат до еколошки грејни тела.

Тука се поставува прашањето како ќе се убедат граѓаните посебно оние кои немаат средства да вложат минимум 500 евра за инвентер клима, па да се надеваат дека општината ќе им ги врати парите. Овој аргумент е доволен за уште една мерка и дадено ветување на Владата да се прогласи за пропадната.

Инаку чистиот воздух беше едно од главните ветувања на СДСМ во предизборната кампања, а уште погласни беа како опозиција. Но, и откако дојдоа на власт не спроведоа ниту една посериозна мерка во ова насока.

Тоа дека Владата и покрај многуте ветувања во сферата на екологијата не ги извршува, ниту основните обврски за подобрување на квалитетот на воздухот, покажува и тоа што пред некој ден министерот за екологија Насер Нуредини призна дека на само две недели пред почетокот на грејната сезона ниту една од мерните станици за загаденост на воздухот не е во функција, а посочи и дека не знае кога би проработиле.

Коронавирус