сабота, 28. март 2020. Вести денес: 79
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Уште една пациентка со респираторна инфекција се јавила на Инфективна, патувала во северна Италија

Уште една пациентка со респираторна инфекција се јавила на Инфективна, патувала во северна Италија

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес конференција истакна дека засега нема нов случај на заразен со коронавирус во Македонија.

Тој посочи дека резултатите од тестот се негативни кај возачот на комбето кој пристигна од Италија и двете лица кои вчера избегаа од изолација во штипската болница.

-Има една пациентка која се јавила утрово на Инфективна, таа е изолирана, таа е жена која патувала во критичниот регион во северна Италија, таа има семејство и знаци на респираторна инфекција. Во земјава влегла на 26 февруари, без никакви симптоми- рече Филипче.

Тој додаде дека правата пациентка со коронавирусот во земјава е во добра општа состојба и нема температура.

-Утрово разговарав со конзулот во Италија, нема наши државјавни заразени во Италија. Конзулот вели дека е потребно сите да го контактираат него, за тој нам да ни ги најави сите кои доаѓаат од Италија. Меѓутоа доаѓаат многу луѓе, кое не се најававуваат- рече Филипче..

За карантинот, министерот, рече дека нема потреба да се паничи, коментирајќи го вчерашниот инцидент на пациентите кои избегаа од болницата во Штип.

– Не е страшно, не треба да се панични, доколку се поседи во изолација. Патниците кои се во изолација, тоа се патниците од комбето, се во добра општа состојба. Доколку немаат симптоми луѓето седат во изолација, а доколку се јават некои симптоми, значи тогаш се пристапува со соодветна терапија- вели Филипче.