петок, 4. декември 2020. Вести денес: 146
home Вести

Уште една недела рок, а дивоградбите во Охрид стооо

Уште една недела рок, а дивоградбите во Охрид стооо

Игнорантскиот однос на градоначалникот на Охрид-Константин Георгиески кон препораките на УНЕСКО е и повеќе од јасен сигнал за тоа колку власта на СДСМ се грижи за Охрид! На една недела до рокот даден од УНЕСКО, Охрид не само што не се справи со мораториумот, туку дивоградбите се нижат до недоглед, велат од Комисијата за локална самоуправа.

-Акцискиот план за исполнување на препораките си остана само убав збор на хартија, а од рушењето кое помпезно го најавуваше градоначалникот Георгиески од типот „гледајте ме-чудете се“ траеше, колку и старата „секое чудо за три дена“. Освен неколку билборди и неколку ќерамиди…сè останато е само најава!

Да постетиме дека од најавеното постапување со бесправно изградените објекти кои го загрозуваат статусот на УНЕСКО, се постапи само во еден случај во кој спектакуларно беа отстранети неколку ќерамиди од кровот на само една куќа во Охрид, која не само што не ја срушија, туку сега си има и нови врати и прозорци.

Константин Георгиески е глув за апелите од УНЕСКО, граѓаните, здруженијата, невладините организации…со што Охрид и охриѓани сè повеќе се уверуваат за тоа колку ги чини фактурата која токму тие ќе ù ја платат на градежната мафија – единственото нешто што функционира со полна пареа во Охрид.

Лицемерието и лагите на власта немаат крај, а како што наближуваат изборите, тие стануваат уште поголеми, затоа што бизнис интересите на власта се поважни од приоритетите на УНЕСКО и заштитата на Охрид!, стои во нивната објава на Фејсбук.

Најнови вести

Коронавирус