четврток, 21. јануари 2021. Вести денес: 43
home Вести

Уште една лага на тандемот за лаги Заев-Филипче: Се пофалија со бугарските вакцини кои никој не знае колку се и кога ќе стигнат

Уште една лага на тандемот за лаги Заев-Филипче: Се пофалија со бугарските вакцини кои никој не знае колку се и кога ќе стигнат

Ситуација со КОВИД-19 и понатаму е алармантна во земјата, а ниту власта, ниту Министерството за здравство не водат сметка за тоа. Веќе подолг период е се поактуелна темата со вакцините против КОВИД-19.

Но, од ден на ден е се појасно дека нашата држава тапка во место бидејќи соседните земји веќе започнаа со вакцинирањето, а во Македонија ниту премиерот Заев, ниту министерот за здравство, Венко Филипче не знаат ниту кога точно ќе пристигнат, ниту колку вакцини ќе има.

Според последните информации од Министерството за здравствo, вакцината против КОВИД-19 ќе ја добијат најверојатно во февруари или март како донација од соседна Бугарија.

-Република Бугарија од секоја пратка на вакцини против КОВИД-19, кои директно ги купиле од производителите, дел ќе донира и на нашата земја. Благодарение на овој пријателски чин, со оваа донација за кратко ќе го почнеме процесот на вакцинација и ќе го олесниме пристапот до вакцините за да може да вакцинираме 60 до 70% од населението.Според информациите од здравственитевласти во Република Бугарија, најпрво во Софија ќе стигне вакцината на Фајзер,потоа на Модерна, па на Астра Зенека, напиша Филипче на својот фејсбук профил.

За незаинтерсираноста и неажурноста околу вакцините реагираа и од ВМРО-ДПМНЕ каде посочија дека додека други земји во врска со вакцината против корона или стартуваа или ги прават последните подготовки,бидејќи знаат прецизно датум кога ќе почне вакцинација, секако и количина надози на вакцини, Филипче секој ден излегува со нови изјави и нови лаги.

-Различните изјави како онаа: вакцини од КОВАКС ќе има на почеток на 2021 година, потоа следува изјава дека ќе видиме директно ќе се преговара, па повторно вели преку КОВАКС, ама мал пазар сме веројатно вакцина во втората половина на следната година ќе се добиеле, и кој знае уште што се нема да слушнеме на оваа тема. Сите овие различни изјави дадени во кус временски период, говорат дека Филипче лаже. Вчерашниот владин став пак беше дека не чекале само донации, туку биле почнати процедури за набавка?! Ако било каква процедура е почната на време, такви сериозни институции преку кои се дистрибуира вакцината и фирми кои ги произведуваат, сигурно би знаеле да кажат за кога сме им во план да обезбедат вакцини за нас, кажа МаријаАндоновска, Член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес конференција.

Сите овие информации покажуваат дека ниту владата, ниту министерството за здравство не знаат кога точно Македонија ќе ги добие вакцини против КОВИД-19 од Бугарија.

Коронавирус