сабота, 15. јуни 2019. Вести денес: 83
home Вести

Уште една лага на премиерот: Заев се колнеше дека Уставот е одличен, а денес го менува

Уште една лага на премиерот: Заев се колнеше дека Уставот е одличен, а денес го менува

Премиерот на Република Македонија, Зоран Заев едно ветуваше пред да стане премиер, сосем друго прави откако е дојден на власт.

Тој во 2016-та година во предизборната кампања за парламентарните избори ветуваше дека нема да дојде од промена на Уставот. Но откако ги изманипулира граѓаните да гласаат за него, оваа негова изјава стана само уште една од големите лаги кои им ги презентираше.

-Што се однесува до Уставот. Гарантирам, одличен Устав имаме, европски Устав. Уставот нема да дозволам никој да го смени.  Уставот ќе се почитува, Уставот ќе се спроведува. Нема менување на Уставот. Бидете спокојни, не дозволувајте режимот повеќе да ве лаже, велеше Заев пред парламентарните избори во 2016-та година.

Денес истиот тој Устав за Заев не е одличен. Одличен е само договорот со Грција кој го потпиша.

Заев и неговата партија, денес го менуваат најважниот дел од македонскиот Устав, за да направат промена на уставното име на нашата држава.