среда, 14. ноември 2018. Вести денес: 114
home Вести

Уште една лага: Четири месеци тапка во место електронското наплаќање на патарините ширум Македонија

Уште една лага: Четири месеци тапка во место електронското наплаќање на патарините ширум Македонија

Четири месеци тапка во место електронската наплата на патарините ширум Македонија.

Уште во Јули годинава од Јавното претпријатие за државни патиштабеше ветено дека се очекува да започне новиот начин на плаќање на патарините преку електронска картичка.

Тогаш беше ветено дека електронското плаќање првично ќе се спроведува на наплатните рампи во Коридорот 10 север- југ, а набргу се очекува да се среди и целиот софтвер на Коридорот 8.

Од  „Државни патишта“ во јули годинава изјавија дека граѓаните ќе можат да набават вакви електронски картички на сите бензински пумпи и ќе бидат бесплатни. Тие ќе можат да се дополнуваат и на наплатните рампи, на граница или преку посебна софтверска апликација.

Но, и покрај оваа најава процесот се уште не е реализиран, а ова очигледно е уште една голема лага на претпријатието кое во јули исто така годинава се пофали дека заработило 55 милиони денари во изминатата година.