вторник, 26. јануари 2021. Вести денес: 162
home Вести

„Уште една година на промашувања во македонската енергетика“

„Уште една година на промашувања во македонската енергетика“

УШТЕ ЕДНА ГОДИНА НА ПРОМАШУВАЊА ВО МАКЕДОНСКАТА ЕНЕРГЕТИКА – порачуваат од Комисија за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ.

-Ако не беше Програмата за избори на ВМРО-ДПМНЕ во областа на енергетиката, за да украдат од проектите на опозицијата, СДСМ ќе немаа идеја што да му напишат на Заев за да се пофали дека ќе реализира во следниот период. Имено, Заев најави дека 2021 ќе била година на новата македонска енергетика. За сẻ што се пофали дека ќе реализира е земено од предизборната програма на ВМРО-ДПМНЕ. Но, тоа и не е проблем! Камо да реализираа нешто, велат тие.

Понатаму, порачуваат:

За жал, следната 2021 година нема да биде ништо поразлична од изминатите четири години, кога во енергетиката не се постигна ништо значајно освен следново:

поскапена електрична енергија,

испразнети акумулации и скап увоз на електрична енергија,

работа за семејните фирми во РЕК Битола,

домови без евтин природен гас,

заобиколена држава од меѓународните гасоводи,

започнување постапки за оттуѓување на државните енергетски капацитети,

поскапи горива заради зголемена акциза.

И уште многу други промашувања на кои им нема крај!

Комисија за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ

Коронавирус