вторник, 28. септември 2021. Вести денес: 174
home Вести

Уште двајца сомнителни пациенти од коронавирус се испитуваат на Клиниката за инфективни болести

Уште двајца сомнителни пациенти од коронавирус се испитуваат на Клиниката за инфективни болести

Уште двајца сомнителни пациенти со симптоми на грип се тестираат на присуство на коронавирус, дознаваме од извори од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, пренесува Плусинфо.

Ова се 4. и 5. сомнителен случај на инфекција со новиот вирус, а претходните три, кои беа вчера проверени во лабораторијата на Институтот за јавно здравје, за среќа, се негативни.

Повеќе детали за последните два сомнителни случаи се очекува денеска во 13.30 часот да соопшти министерот за здравство, Венко Филипче, кој денеска попладне ќе биде домаќин и на регионалниот директор на СЗО за Европа, д-р Ханс Клуге, кој по посетата на Рим, доаѓа во Македонија да види како се спроведуваат мерките за заштита од коронавирусот.

Како што претходно на својата веб страна објави Министерството за здравство, и тоа два часа порано од најавеното, негативни се резултатите на пациентката која синоќа беше тестирана на коронавирус, а која завчера пристигнала со попладневен лет од Милано во Скопје.

Коронавирус