понеделник, 21. октомври 2019. Вести денес: 17
home Вести

Уште денес сончево време, од утре дожд

Уште денес сончево време, од утре дожд

Времето денеска ќе биде претежно сончево со слаб до умерен јужен ветер.

Утринската температура ќе се движи од -1 до 10 а дневната од 21 до 27 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево со слаб југоисточен ветер.

Утринската температура ќе се спушти до 5, а дневната ќе достигне до 25 степени, соопшти УХМР.

Во понеделник попладне и во вторник времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и локална појава на грмежи. Услови за локален дожд ќе има и во четврток.