четврток, 22. октомври 2020. Вести денес: 107
home Вести

Уште 3885 активни случаи, коронавирусот зема 414 жртви од Македонија

Уште 3885 активни случаи, коронавирусот зема 414 жртви од Македонија

Нови 241 случај позитивни на коронавирусот вчера беа регистрирани од направени 1700 тестирања, со што вкупната бројка од почетокот на епидемијата се искачи на 9026. Во претходното деноноќие починаа осум лица. Заклучно со вчерашните, досега починаа 414 пациенти. Вчера беа регистрирани и 51 оздравено лице, со што бројот на оздравени сега е 4727. Активни случаи има 3885. Во моментов вкупно хоспитализирани во целата држава се 419 пациенти. Досега во земјата се направени вкупно 84916 тестирања на ковид -19.

Во претходното деноноќие беа регистрирани осум смртни случаи. Починатите лица се по двајца пациенти од Скопје, Тетово и Струга, еден пациент од Гостивар и еден од Струмица. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа тројца пациенти на возраст 59, 61 и 62 години. Во ГОБ „8 Септември“ починаа четворица  пациенти – двајца на возраст од 67 години и двајца 76-годишни пациенти. Во КБ Тетово е починат пациент на возраст од 66 години.

Од новите 241 ковид дијагностицирани најмногу се од Скопје – 73,  Штип – 60, Тетово – 32, Гостивар-14, Куманово-10, Кочани осум, Гевгелија шест, Прилеп и Свети Николе по пет, Струмица четири, Струга, Радовиш и Крива Паланка по три, Охрид, Кичево, Демир Хисар по два случаја и по еден е регистриран во Дебар, Велес, Крушево, Пробиштип, Виница и Кратово.

Институтот за јавно здравје регистрира 51 оздравено лица од кои Скопје-40, Битола-1, Пробиштип-1, Демир Хисар-1, Кичево-1, Ресен-7.

Во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3885. Најмногу активни се во градот Скопје 1868, следи Тетово со 325, Штип  272, Куманово со 238, Гостивар 190, Струга 170, Свети Николе 169,  Охрид 116, Дебар 111, Кичево 80.

На Инфективната клиника вкупно се хоспитализирани 93 пациенти. На кислородна поддршка се 44 пациенти, нема пациенти на респираторна машина. Во болницата во Козле се хоспитализирани 15 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, седум деца позитивни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ вкупно се хоспитализирани 87 пациент. На респираторна машина се пет пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 35, а во болницата во Штип се хоспитализирани 51 пациент. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 131 пациент – позитивни и сомнителни на ковид-19.

Во светниколската конфекција „Мода“ вкупниот број заразени работници изнесува 53 откри скринигот, кој го направи компанијата. Директорот на „Мода Ад“ –Свети Николе, Ангел Димитров вчера изјави дека во скринингот во кој компанијата самата инвестираше биле опфатени вкупно 620 работници, а претходно 200 биле изолирани или седеле дома поради владините мерки за чување деца до 10 години, хронични заболувања или бремени жени. Според здравствената состојба на заразените 80 отсто од нив се асимптоматски, додека потешки случаи се хоспитализирани во регионалните ковид центри во Штип и Велес.

Директорката на Центарот за јавно здравје-Штип, Марија Димитрова вчера соопшти дека, покрај штипската конфекција, коронавирусот веќе е влезен и во Домот за стари лица во Радовиш. Позитивни на вирусот се двајцата вработени и три лица корисници на услугите во овој дом. (МИА)

Коронавирус