понеделник, 1. јуни 2020. Вести денес: 16
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Уште 180 македонски граѓани пристигнаа со лет од Берлин и од Бон

Уште 180 македонски граѓани пристигнаа со лет од Берлин и од Бон

Министерството за надворешни работи информира дека денеска беше организиран лет за репатријација на вкупно 180 македонски граѓани од Берлин и од Келн/Бон.

Со ова, бројката на репатрирани македонски граѓани во организација на МНР, генералниот секретаријат на Владата, МВР и Министерството за здравство заклучно со денеска, изнесува 2.200 граѓани, кои претходно се изјасниле дека прифаќаат задолжителен државен карантин и учество за плаќање на цената за авио билетот.

„На летот од Скопје за Берлин помогнавме и на 163 странски државјани од земјава да се упатат кон своите домови“, соопшти МНР.

Министерството за надворешни работи упатува благодарност кон надлежните власти во Германија, Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Косово/НАТО, Србија и Австрија за соработката при издавање на дозволи за прелет и целокупната поддршка во овие отежнати околности.

МНР во соопштението додава дека продолжува со напорите за враќање во земјава на затекнатите македонски граѓани во странство.

Коронавирус