вторник, 19. октомври 2021. Вести денес: 181
home Вести

Усеини си поднесе оставка: Станавме портпароли на ДУИ, Беса веќе не постои

Усеини си поднесе оставка: Станавме портпароли на ДУИ, Беса веќе не постои

Претседателот на Младинскиот форум на движењето Беса, Лиридон Усеини, поднесе оставка. Тој информира дека се откажал од сите функции што ги извршувал во движењето Беса.

-Јас Лиридон Усеини, поднесувам неотповиклива оставка од сите функции во движењето Беса, од позицијата лидер на Младински форум на движењето Беса, од позицијата член на Централното претседателство и повеќе нема да бидам член ниту на едно тело или комисија во партијата, напиша тој.

Објаснувајќи ги причините за својата одлука, Усеини нагласува дека движењето Беса е трансформирано во структура која работи само само за задоволување на семејните и на клановските потреби.

-На многумина можеби им е изгледа нелогично откажувањето ако се има предвид дека Беса е владејачка партија, но јас бев исправен пред дилемата – да сочувам достоинството или да прифатам неправда и да ги затворам очите. Партијата која беше создадена за да направи промена на дотогашните политики на ДУИ стана нејзин портпарол и филијала на СДСМ. Движење Беса практично веќе не постои. Таа е компанија која ги молзи оние кои останале таму и нејзиниот политички живот ќе трае до следните избори, вели тој.

Тој укажува дека нема решено дали ќе го продолжи својот политички ангажман во друга партија, а во меѓувреме ќе настапува како независен советник во Советот на Општина Желино.

Локални избори 2021