понеделник, 21. септември 2020. Вести денес: 150
home Вести

Урбаната мафија царува во Ѓорче Петров, во населба Хром не се знае кој гради, ниту што ќе никне

Урбаната мафија царува во Ѓорче Петров, во населба Хром не се знае кој гради, ниту што ќе никне

Откако почна да се остварува планот за изградба на нови 100 згради во населеното место Хром, општина Ѓорче Петров, сега никнуваат нови градби за кои не е поставена инфо табла за инвеститорот, како ниту за проектот кој се гради.

Жителите на Хром неколку денови реагираат до општина Ѓорче Петров и бараат одговор кој и како гради во населбата без при тоа да има поставено табла на која јасно ќе се гледа кој е инвестиротот и што всушност ќе се гради, но оттаму молк.

Дали градоначалникот Александар Наумоски е во тесна корелација со одредени инвеститори кои моментално хараат низ населба Хром, останува мистерија, бидејќи ниту тој, ниту пак инвеститорите се огласуваат по ова прашање?!

За потсетување, во предизборната кампања за минатите локални избори кога Наумоски се бореше за градоначалничката позиција, беше главен поборник за стопирање на изградба на објекти наменети за колективно домување во населба Хром, односно велеше дека откако ќе стане градоначалник нема да издаде ниту една дозвола, со цел да запре хаосот во населба Хром.

Чесните кадри на СДСМ како што милува да ги нарече нивниот лидер Зоран Заев, не само што не ги исполнуваат ветувањата кои ги ветуваат, туку дрско манипулираат и на грбот на граѓаните преку урбаната мафија во општина Ѓорче Петров “заработуваат” станови.

Коронавирус