вторник, 19. јануари 2021. Вести денес: 39
home Вести

Унијата на жени на ВМРО ДПМНЕ во втор циклус на обуки во Женската платформа

Унијата на жени на ВМРО ДПМНЕ во втор циклус на обуки во Женската платформа

Започна вториот циклус на интезивни обуки за политичко јакнење на жените, кој денес го опфати модулот посветен на почитувањето на човековите права и слободи во нашата државата.

Учесничките со помош на експертката Наташа Постоловска Амдију, се стекнаа со основни практични алатки за препознавање и превенција од кршењето на човековите права и слободи, нееднаквост и дискриминација.

-Жените се клучни партиципиенти во едно демократско општество. Ние како Унија на жени сме силна структура која едуцира и продуцираа високо квалитетни жени кои можат да се носат со партиски и државни функции. Верувам дека оваа Женска платформа ќе стане традиција, изјави Слаѓана Митовска потпретседателка на УЖ во ВМРО ДПМНЕ и актуелна пратеничка.

-Никој не смее да ги загрозува човековите права. Наше право и обврска е да ги почитуваме туѓите права и слободи на секоја индивидуа во ова општество и да бараме возврат за тоа. Жените се сензибилни за овие прашања, а на партиско ниво се негуваат сите принципи на еднаквост, истакна Ирена Тодороска координаторка на женската платформа во рамки на Унијата на жени.

Инаку, позитивни вибрации пристигнаа неодамна од претседателката на Унијата на жени Благица Ласовска која ја внесе оваа силна политичка структура во организацијата на жени во семејството на Европска народна партија. Ова е голем историски исчекор за партијата на полето на меѓународната политичка сцена составена од организации во која доминираат жени.

Коронавирус