понеделник, 23. ноември 2020. Вести денес: 130
home Вести

Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ засади повеќе од 5.000 различни видови садници низ Македонија

Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ засади повеќе од 5.000 различни видови садници низ Македонија

Претседателот на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ преку статус на Фејсбук пишува дека денеска заедно со младите засадиле повеќе од 5 илјади видови на садници.

-🌱Денес Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, како потсетување на акцијата “Ден на дрвото-Засади ја својата иднина”, засади повеќе од 5000 различни видови садници на целата територија на Република Македонија.
🌲🌳🌿Дрвата и растенијата се услов за постоење на животот на Земјата.
Тие се производители на кислород, ја намалуваат содржината на јаглероден диоксид во атмосферата, спречуваат лизгање и ерозија на земјиштето, ја регулираат температурата во почвата, претставуваат живеалиште за многу видови животни…
👱‍♀️👱‍♂️Кога власта не превзема ништо за намалување на загадувањето, младите се на потег!
#СвеснаИОдговорнаМладина, стои во неговиот пост на Фејсбук.

Коронавирус