вторник, 25. јуни 2019. Вести денес: 46
home Вести

Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ го одбележа светскиот ден на мајчиниот јазик на симболичен начин (ФОТО)

Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ го одбележа светскиот ден на мајчиниот јазик на симболичен начин (ФОТО)

По повод 21ви Февруари кој се слави како интернационален ден на мајчиниот јазик, Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ организираше симболичен настан во центарот на градот.

Градскиот комитет на Унијата на Млади сили го одбележа денот со делење на извадок од книгата на Крсте П.Мисирков „За македонцките работи“  и бендот Acoustic Division кој исполни неколку Македонски песни.

Од УМС на ВМРО-ДПМНЕ потенцираат дека секогаш ќе ги одбележува деновите кој ја означуваат нашата традиција.

Претседателот на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ Јован Јаулески пред присутните кажа дека во овие тешки времиња за македонскиот јазик, кога истиот е нападнат од сите страни младината на ВМРО-ДПМНЕ се бори за негова афирмација и зачувување.

Тој истакна дека е особено значајно младите луѓе да го негуваат својот јазик, кој е богатство на еден народ.