сабота, 19. октомври 2019. Вести денес: 0
home Вести

УНИБанка воведува “3D Secure” технологија за поголема сигурност при интернет плаќања со картички

УНИБанка воведува “3D Secure” технологија за поголема сигурност при интернет плаќања со картички

Заштитата со 3D Secure технологија е бесплатна и обезбедува дополнителен степен на безбедност и сигурност при плаќање со картичка преку интернет

„УНИБанка” воведува 3D Secure технологија со што обезбедува дополнителна заштита на своите клиенти при интернет плаќања со картички. 3D Secure технологијата претставува превенција од злоупотреби при интернет плаќања преку користење на највисоко ниво на автентикација на клиентите корисници на картички. Заштитата на клиентите се заснова на динамички метод на автентикација на корисникот на картичка, кој се реализира со користење на еднократна лозинка – ОТП лозинка. Клиентите ќе ја добиваат ОТП лозинката преку СМС порака на мобилен телефонски број регистриран во банката и истата е валидна само за конкретната интернет трансакција. Оваа технологија ќе се применува на плаќањата со Mastercard и Visa картички.

“3D Secure” технологијата не го менува начинот на плаќање преку интернет, но додава дополнителен чекор, кој овозможува проверка на идентитетот на корисникот на картичката. Покрај стандардните податоци кои се потребни за плаќање на интернет, кај трговци кои учествуваат во програмите за сигурност Mastercard SecureCode и Visa Secure/Verfied by Visa, ќе биде потребно и внесување на ОТП лозинка. Со цел непречено извршување на интернет плаќањата, неопходно е клиентите да го ажурираат својот мобилен телефонски број во било која експозитура на банката.

Новата технологија, која обезбедува највисоко ниво на заштита на клиентите, е бесплатна за сите корисници на картички издадени од УНИБанка АД Скопје и за нејзино користење не е потребна дополнителна регистрација.