петок, 22. ноември 2019. Вести денес: 18
home Вести

УНИБанка со највисока каматна стапка до 4% за депозит „Детско штедење – Фикс Јуниор“

УНИБанка со највисока каматна стапка до 4% за депозит  „Детско штедење – Фикс Јуниор“

УНИБанка АД Скопје, деновиве промовира уште еден депозитен продукт со висока каматна стапка. Депозитот е наменет за малолетни лица, односно деца до 18 годишна возраст.

Она што е најинтересно за “Детското штедење”, е високата каматна стапка што УНИБанка ја нуди за овој вид на депозит и тоа 4% за период од 5 години. Воедно, каматата е фиксна и непроменлива и на тој начин нуди гарантирани и атрактивни приходи до истекот на рокот.  “Детското штедење” на УНИБанка дава и можност за избор на најсоодветна рочност и валута, без ограничување во износот и бројот на дополнителните вложувања.

УНИБанка, на денот на штедењето 31-ви октомври, ќе организира “Ден на отворени врати” за  посети на ученици во своите експозитури а за сите нови млади штедачи подготви интересни подароци.

Основниот мотив од кој се води УНИБанка за креирање на ваквите услови на продуктот е развивњето на финансиската писменост на децата уште од мала возраст како и создавање навика да се инвестира во посигурна иднина на децата.

 

За повеќе информации: http://www.unibank.mk/categories/view/864