четврток, 27. февруари 2020. Вести денес: 71
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Унгарија донесе одлука за барањето за азил на Груевски

Унгарија донесе одлука за барањето за азил на Груевски

Дел од унгарските медиуми, денес објавија информација дека  Канцеларијата за имиграција и азил во Унгарија веќе има донесено одлука за барањето азил на поранешниот македонски премиер Никола Груевски.

Сепак, дали неговото барање е прифатено или не, сè уште не се открива во јавноста.

Според тамошните закони, Канцеларијата за имиграција има рок од 15 до 60 дена да се изјасни дали ќе му даде азил на Груевски.

Македонското Министерство за правда и натаму ја токми документација за екстрадиција, која се очекува да биде испратена во скоро време во Унгарија.