четврток, 21. јануари 2021. Вести денес: 169
home Вести

Унеско го испрати извештајот во Охрид, барањата испишани на 200 страници

Унеско го испрати извештајот во Охрид, барањата испишани на 200 страници

Извештајот на Унеско за Охрид испишан на 200 страни. И додека од општината тврдат дека сеуште не ги виделе забелешките и дека деновиве ќе се знаат дополнителните препораки согласно тоа што го утврдиле на терен и доставената документација како што дознаваме во драфт верзијата се препорачува целосна забрана за градба, уривање на сите дивоградби во заштитеното подрачје, отстранување на објектите кои функционираат како плажи на брегот на езерото, а на тапет се најде и стариот дел од градот каде се забранува поставување на сончеви колектори, тенди и настрешници со кои се нарушуваат визурите околу објектите од културно историското наследство.

Градоначалникот Георгиески посочува дека станува збор за комплексен проблем за кој е потребен подолг временски период и дека како резултат на недоволната комуникација со Унеско и советодавните тела препораките се поприлично строги.

Откако Македонија официјално ќе го добие извештајот ќе има рок до крајот на јануари да испрати одговор со забелешки на содржината на извештајот и да започне со спроведување на препораките за да не се најде охридскиот регион на листата на загрозени подрачја.

Најнови вести

Коронавирус