вторник, 18. февруари 2020. Вести денес: 68
home Вести

УМС во Киев го отвори прашањето за зголемената миграција на младите луѓе од руралните средини

УМС во Киев го отвори прашањето за зголемената миграција на младите луѓе од руралните средини

Унијата на Млади Сили во Киев, Украина на советот на YEEP, заедно со YFG од Ирска, Fidelitas од Унгарија, JcdH од Белгија, OVP од Австрија NNGG од Шпанија ја подржаа резолуција презентирана од МHDZ Хрватска и МHDZ Босна и Херцеговина со која го отвори прашањето за зголемената миграција на младите од руралните подрачја. Резолуцијата со мнозинство гласови беше изгласана на седницата на Советот.

Резолуцијата со наслов „Создавање подобри можности за млади и младите семејства во руралните и далечните средини кои живееат на територијата на Европа” се однесува на помалку развиените и рурални средини од каде што младите се иселуват.

Во резолицијата стои дека еден од најдобрите бенефити на Европската Унија е што младите можат да студираат, живеат или работат во било која од земјите од унијата, но во исто време одливот на мозоци од некои средини сериозно влијае во развојот на некои земји. Иста така разликите во економските и социјални можности на урбаните и рурални средини значат одлив на младите – посебно добро образованите кои имат потреба од сопствена еманципација и независност.

-Со резолуцијата од европските институции бараме стратегија на подолг временски рок базирана на европските вредности и поголема посветеност на институциите и владите со кои младите во руралните региони ќе ги препознат своите еднакви можности. Исто така со резолуцијата се бара помош на културните и еколошките предности на секое место, инвестиции во образованието, поддршка на младински асоцијации и старт-ап програми, програми за младите земјоделци и фармери, дигитализација на урбаните средини, задржување на младите семејства со сериозна понуда за живот, работа и развој на секој млад човек во своето место. За време на Советот на Младите на ЕПП се изработи документ наречен ,,Бела книга за образование” кој подоцна едногласно беше усвоен. Со белата книга се бара земјите да ги усовршат и да направат дисерфикација на образовните системи со кој ќе се зголеми квалитетот на образование а младите полесно ќе се приспособат на пазарот на труд. Унијата на млади сили секогаш работи на креирање подобри услови на младите во Македонија и зголемување на младинскиот стандард, а проектите и мерките за млади кои ги предлага УМС ќе бидат дел од програмата на ВМРО-ДПМНЕ за Обнова на Македонија, велат од УМС.

Унијата на Млади Сили на ВМРО-ДПМНЕ на Советот на Подмладоците на Европската Народна Партија одржан од 5 до 8 Декември во украинскиот град Киев ја претставуваа генералниот секретар Горјан Донев и потпретседателот Владимир Ристов.