недела, 27. септември 2020. Вести денес: 103
home Вести

УМС Струмица со пародија: Избор на Мис депонија 2018

УМС Струмица со пародија: Избор на Мис депонија 2018

Веќе стана досадно да се зборува за хигиената во општината и за решавање на дивите депонии, па младите решиле во Струмица тоа да стане забавно. Дивата депонија во Водоча е избрана за Мис Депонија на 2018 година.

-Веќе стана досадно да зборуваме за ѓубрето во градот и депониите. Решивме да погледнеме позитивно на проблемот. Да направиме Депонија Фест и да избереме Мис дива Депонија на 2018 година. За таа намена ја избравме дивата депонија Водоча, и денеска и доделуваме свечено златна лента МисДепонија. Оваа дива лепотица, ги има сите бои, сите мириси и често го гледаме оганот што во неа тлее. За неа се погрижија Комуналец и негрижата на Градоначалникот. Но, не ја оставаме сама. Наскоро ќе објавиме избор на Мистер Контејнер 2018 година. Очекувајте не, велат од УМС на ВМРО-ДПМНЕ Струмица.

Коронавирус