сабота, 31. октомври 2020. Вести денес: 0
home Вести

УМС на ВМРО-ДПМНЕ со низа активности по повод светскиот ден за борба против пушењето

УМС на ВМРО-ДПМНЕ со низа активности по повод светскиот ден за борба против пушењето

Републичката комисија за здравство при УМС на ВМРО-ДПМНЕ, денеска по повод светскиот ден за борба против пушењето организира низа активности со кои ги истакна здравствените ризици кои се поврзани со употребата на тутунот.

-Негативното влијание на цигарите и чадот директно е врзано со многу сериозни заболувања како рак на белите дробови, грлото и устата а поврзано е и со низа срцеви болести и болести на крвните садови. Покрај здравјето на активните пушачи сериозен, негативен ефект од цигарите се докажува и кај пасивните пушачи кои се наоѓаат во иста просторија. Во оваа група спаѓаат најчесто децата чии родители се корисници на тобако производи и несвесно и нив ги изложуваат на ризик од сериозни заболувања. Мотивот за откажување од пушењето, пушачите треба да го бараат во самите себе, бидејќи не се работи за некоја модерна навика , туку напротив пушењето има големо влијание и на надворешниот изглед на корисниците и секако предизвикува сериозна финансиска и здравствена штета, изјави Петар Марков од УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

Коронавирус