четврток, 28. јануари 2021. Вести денес: 1
home Вести

УМС на ВМРО-ДПМНЕ потпиша меморандум за соработка со Националниот сојуз на слепи лица на Републука Македонија

УМС на ВМРО-ДПМНЕ потпиша меморандум за соработка со Националниот сојуз на слепи лица на Републука Македонија

Денес, во пресрет на интернационалниот ден на лицата со попреченост Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ потпиша Меморандум за соработка со Националниот сојуз на слепи лица на Република Македонија.

Предмет на овој меморандум за соработка помеѓу двете договорни страни е соработка и учество во процесите во борбата кон создавање на подобри услови за живот и работа на слепите лица ширум Република Македонија, и нивна подобра социјализација и интеграција во општествената заедница.

Соработката ќе се остварува преку снимање на аудио книги и други видови на асистенција според потребите на НССМ.
Унијата на млади сили, како општествено одговорна младина, се залага за инклузија на сите лица со попреченост и се става на располагање за секаква соработка со нив.

Фејсбук статус на претседателот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, Сергеј Попов.

Денес, во пресрет на интернационалниот ден на лицата со попреченост Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ потпиша…

Posted by Сергеј Попов / Sergej Popov on Monday, November 30, 2020

Најнови вести

Коронавирус