сабота, 26. септември 2020. Вести денес: 44
home Вести

УМС на ВМРО-ДПМНЕ избра нов Извршен комитет

УМС на ВМРО-ДПМНЕ избра нов Извршен комитет

Младиот човек денес во Македонија за жал е угнетен и маргинализиран, на дното на општественото скалило. Се повеќе наши другари се иселуваат, а младинската невработеност е една од највисоките во Европа, напиша на својот Фејсбук профил претседателот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, Сергеј Попов.

Имаме образование кое од година во година ги урива сите рекорди по неуспешност и не е конкурентно со образованието на нашите врсници од Европа.
Младината претставува столб на секоја држава. Секоја општествена промена започнува токму од младите.

Гласот и мислата на младите во и надвор од партијата ќе бидат втемелени во одлуките кои ќе ги носиме, а ќе донесеме нова визија за младите во Македонија. Ќе се бориме за статусот на младиот човек во општеството, неговиот глас да биде слушнат и поддеднакво да учествува во носењето на одлуки!

Имам чест да ви го претставам тимот кој ќе биде гласот на младите во Република Македонија!

На вчерашната седница на ИК на ВМРО – ДПМНЕ беше изгласан составот на Извршниот комитет на Унијата на млади сили на ВМРО – ДПМНЕ ?

Мартин Андоновски
Филип Ѓорѓиев
Невена Величковска
Горан Степановски
Димитар Манчев
Петар Радојничкиќ
Стефан Стефановски
Тамара Михајловска
Александар Андонов
Столе Пандов
Билјана Јанева
Кристи Стојкоски
Изабела Апцева
Филип Здравковски
Тијана Тесалоника Шишкоска
Благој Цонев
Марија Милошевска
Стефан Синадиновски
Тодор Конески
Борис Шамбевски
Александра Николова
Валентин Манасиевски
Станислав Бојчевски
Стефани Најденовска
Филип Митрески
Стефан Калошев
Стефани Стојаноска

Коронавирус