понеделник, 2. август 2021. Вести денес: 54
home Вести

УМС на ВМРО-ДПМНЕ им остави рекет на Кики и Фрики пред Собранието на Република Македонија

УМС на ВМРО-ДПМНЕ им остави рекет на Кики и Фрики пред Собранието на Република Македонија

Зоран Заев, главата на вториот октопод на СДСМ, крие кои се Кики и Фрики од рекетарските приказни. Зоран Заев ги крие бидејќи се високи функционери и негови блиски соработници кои доколку се соочат со правдата може и самите да почнат да говорат за криминалите на нивниот шеф. Овие два лика, според информациите во јавноста, директно се поврзуваат со аферата за организирано рекетирање заедно со приведениот Бојан Јовановски познат како Боки 13, ова денеска во изјава за медиумите го истакна Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ.

-Еве да им помогнеме на органите на прогонот и на Зоран Заев да се сетат кои се Кики и Фрики. Нашите информации велат дека двајцата имаат пратенички имунитет и дека се дел од владејачкото мнозинство во Собранието на Република Македонија. Доколку Јавното обвинителство продолжи да глуми дека не е од тука и дека не ги знаат Кики и Фрики, тогаш постои сериозна опасност дека ќе земат уште поголем залет за да си го наплатат стресот и вознемирувањето, потенцира Манасиевски.

Тој додава дека Кики и Фрики, Вимблдон заврши, а светски рекет број 1 остана Новак Ѓоковиќ. Сте запнале да го надминете во пресрет на УС Опен ама малку сте се збуниле. Подобро пробајте во мешани двојки ама на тениски терен.

-Рекетот користете го за тенис, а не за изнуда на пари. Не и треба на Македонија рекет број 1 како вас, Зоран Заев или Боки 13. Ова е РЕКЕТ, ама целосно легален и дозволен. Овој РЕКЕТ им го оставаме и очекуваме дека ќе го користат правилно и со тоа ќе го подобрат своето психо-физичко здравје, а за досегашното практикување на рекетот ќе им се суди без можност за челинџ, бидејќи ги истрошија сите кредити, истакна Манасиевски.

Коронавирус