четврток, 28. јануари 2021. Вести денес: 0
home Вести

Умерено облачно и многу топло време

Умерено облачно и многу топло време

Времето денеска ќе биде умерено облачно и многу топло. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.

Утринската температура ќе се движи од 11 до 18 степени, а дневната температура од 26 до 34 степени.

Во Скопје ќе биде умерено облачно и многу топло. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. УВ индексот ќе биде 8.

Утринската температура ќе достигне до 15 степени, а дневната температура до 32 степени.

Под влијание на многу топла воздушна маса до вторник дневните температури ќе се задржат над просекот за овој период на годината, со тенденција на благо намалување. Од понеделник во попладневните часови ќе има дестабилизација на атмосферата со локален пороен дожд и грмежи, а од среда и дневната температура осетно ќе се намали.

Коронавирус