понеделник, 10. август 2020. Вести денес: 60
home Вести

Умерен интензитет на сообраќајот надвор од градските средини

Умерен интензитет на сообраќајот надвор од градските средини

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.

ДГТ ЖИКОЛ ДООЕЛ Струмица известува дека заради извршување на санациско градежни работи од 28.07.2020 година, на патниот правец Неготино-Лакавица има забрана за движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 3.5 тони, се препорачува почитување на патната сигнализација за сите учесници во сообраќајот на овој патен правец.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Јавното претпријатие за државни патишта известува дека делницата Штип – Крупиште која е дел од експресниот пат А3 Штип – Кочани, може да се користи за сообраќај. Посакувајќи им пријатно и удобно возење на учесниците во сообраќајот на експресниот пат на делницата Штип (клучка Три Чешми) – Крупиште, сакаме да им посочиме патниот правец да го користат согласно со одобрениот времен режим и да се почитува поставената патна сообраќајна сигнализација.

ЗАБРАНИ ЗА ТЕШКИ ТОВАРНИ ВОЗИЛА: Од 01.07. започнаа викенд забраните за движење на тешки товарни возила на државните патишта, како и на патниот правец Скопје – Охрид. Повеќе детали за овие забрани ќе најдете ТУКА.

Коронавирус