среда, 20. јануари 2021. Вести денес: 20
home Вести

Умерен интензитет на сообраќај надвор од градските средини

Умерен интензитет на сообраќај надвор од градските средини

Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози.

Г.П. Илинден – Струга известува дека на ден 24.11.2020 (вторник), на патниот правец А2 Кичево – Охрид, на делницата Пресека – с.Врбјани, поради изведување градежни работи на пат (минирање), сообраќајот ќе биде во прекин во двата правци помеѓу 12.00 – 15.00ч. во времетраење од 15 – 20 минути.

Од 15.11.2020 година започнува законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2021 година. Повеќе детали за зимската опрема ќе најдете ТУКА.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Коронавирус