недела, 17. јануари 2021. Вести денес: 48
home Вести

Улични кучиња трчаат низ болницата во Кичево, каде лежат и болни од коронавирус

Улични кучиња трчаат низ болницата во Кичево, каде лежат и болни од коронавирус

Улични кучиња со часови трчале низ ходниците од Општата болница во Кичево, на приземјето каде што е приемниот оддел за пациенти.

Наместо вработените кои се задолжени да го одржуваат редот во болницата, пациент бил приморан да ги избрка кучињата надвор.

Од фотографиите се гледа како кучињата слободно се шетаат низ ходниците на болницата во Кичево.

„Не знам како влегле, јас ги затекнав внатре. Едвај ги избркав. Никој од вработените не преземаше мерки“, вели пациентот за „A1он“.

фото: a1on.mk

Коронавирус