Официјалната страница на храмот Свети Архангел Михаил-Автокоманда денеска сподели објава во која пишува дека белиот паун кој го красел нивниот двор и храм, бил распрчен од кучиња скитници.
– Толку било убавецу наш. Белиот паун кој го красеше дворот на нашиот Храм беше нападнат од улични кучиња и буквално растргнат на парчиња. Нападот најпрвин се случил во дворот на Храмот. Белан бегајки прелетал надвор од дворот и налетал на глутница од улични кучиња, стои во Фејсбук објавата.
-Нашиот домакин веднаш реагирал но за жал било доцна. Ги замолуваме сите кои можат да помогнат на било каков начин да се дислоцираат уличните кучиња кои се во кругот на студентскиот дом Стив Наумов. Сите сме сведоци дека изминатиот период во дворот на Храмот имаше: зајачиња, шатки,пауни,гулаби,коковчиња, дукатки…и други животинчиња кои ја заокружуваа убавината на овој Храм, но за жал уличните кучиња ја прекинаа таа убавина убивајки се што ќе дофатеа со крволочните заби, пишуваа тие.