понеделник, 19. октомври 2020. Вести денес: 130
home Вести

Украдени камери за следење на рисот во НП Маврово

Украдени камери за следење на рисот во НП Маврово

Непознати сторители украле две видео камери со кои се следи движењето на животните и рисот во националниот парк „Маврово”.

Според СВР Тетово кражбата вчера ја пријавил член на ренџерската служба.

Според пријавата во периодот од 29 март до 28 мај годинава засега непознати сторители одзеле две видео камери, кои биле поставени во атарот на село Требиште, во месноста „Солиште“.

Одземените камери, сопственост на НП „Маврово“, се користеле во рамките на проектот „Заштита на балканскиот рис“.

Коронавирус