петок, 23. октомври 2020. Вести денес: 48
home Вести

Укинувањето на евтините летови е на директна штета на младите- СДСМ декларативно се залага за ЕУ, а прават се за да не влеземе

Укинувањето на евтините летови е на директна штета на младите- СДСМ декларативно се залага за ЕУ, а прават се за да не влеземе

Власта удира по џебот на младите. Укинувањето на евтините летови на Виз ер е на директна штета на младите луѓе, кои со евтините билети имаа можност да прошетаат низ Европа, да ги посетат своите роднини и пријатели со помалку средства. СДСМ ветуваше подобри услови за младите, а се што прават е да ја враќаат државата назад во минатото. Наместо власта да бара и мотивира и други превозници, кои би отвориле многу дополнителни дестинации таа не бира начин да ги избрка постојните, изјави Томи Кепевски од ВМРО-ДПМНЕ.

-Виз ер е компанија која годишно врши превоз на над 1 милион патници во Република Македонија, со евтини билети на голем број дестинации на Европскиот континент. Голем број од тие 1 милион патници меѓу кои повеќето млади луѓе за првпат се возеле со авион токму поради цената на билетите и широката лепеза на летови. Која е причината власта сега да удира по евтините летови, од кои бенефит видоа особено младите луѓе? Несериозни и смешни се и оправдувањата на Сугарески дека тендерот е прекинат затоа што на пликото во кое било ставена тендерската  документација не било напишано целото име и адреса на компанијата и тие претставуваат само евтин обид да се залаже јавност, истакна тој и додаде:

„Младите од оваа власт за повеќе од година дена колку управува со државата видоа само уназадување. Власта нема направено ниту еден проект за младите, се што ветија излажаа, а го ускратија и она кое што не го ветија.Ускратувањето на можностите на младите не е европска вредност. Уназадувањето на државата на сите полиња не не носи во ЕУ и НАТО. Додека СДСМ декларативно се залага за ЕУ во реалноста прават се за да не влеземе. Евроатлантската перспектива на Република Македонија е сериозно нарушена и за тоа главен виновник е СДСМ. Оваа партија мора да си замине и да запре со штетата која и ја нанесоа на државата и граѓаните“.

Коронавирус