вторник, 20. октомври 2020. Вести денес: 0
home Вести

Укинувањето на додатокот за трето дете ќе биде силен удар врз сиромашните

Укинувањето на додатокот за трето дете ќе биде силен удар врз сиромашните

Укинувањето на додатокот за трето дете, односно заштедата од околу 15 илјади евра за десет години од секоја родилка, мајка на трето дето е многу погрешна. Според упатените, од ова директно се загрозени пред се семејствата кои имаат помали примања.

– Не се согласуваме со укинувањето на мерката за паричниот надоместок за трето дете, односно на воведување на услов на мајката затоа што мерката за трето дете е демографска мерка која што е независна од приходите во семејството и правото на средствата треба да го остварат сите мајки кои што одлучиле да чуваат трето дете, велат упатени извори.

Според нив, со укинувањето на додатокот што родилките го добиваа во текот на десет години ќе биде сериозен проблем и за мајката, како и за семејството. Ретко кој ќе се одлучи за трето дете без помош која досега ја даваше државата..

По реакциите на фелата, се јави и министерството за труд и социјална политика правдајќи се.

-Стекнатото право на родителски додаток за дете (за трето и четврто дете) ќе продолжи да се остварува. За трето дете до завршување на периодот од десет години, а за четврто дете и кај единствениот родителски додаток до завршување на периодот од 15 години. Промените се однесуваат на новите корисници, реагираше министерството откако упатените од фелата реагираа на измените.

Дека од мерката, пак, имало резултати неодамна посочи пратеничката Слаѓана Митовска од ВМРО-ДПМНЕ.

-Само еден пример ќе кажам дека во 2010, ова се податоци од Државен завод за статистика, мајки корисници на родителски додаток за трето дете имало вкупно 5246, а во 2017 година оваа бројка пораснала на 26.591 корисници. Што значи дека мерката сама по себе има дадено резултати и сигурно дека нема да се согласиме со воведување на услов за користење на материјалниот додаток за трето дете, рече Митовска во неодамнешно гостување на телевизија Алфа.

Инаку со законските измени се предвидува еднократна помош за секое родено дете. За прво дете висината на еднократната парична помош предвидено е да изнесува 5.000 денари, за второ 20.000 денари, а за трето новороденче 60.000 денари. Ова е предвидено со измените во Законот за заштита на децата, или со ова се укинува додатокот за трето дете воведено во 2009 година од владата на ВМРО-ДПМНЕ.

Според досегашниот закон, мајката добиваше 8.048 денари додаток за трето дете во период од 10 години. Со оваа мерка до сега секоја родилка за трето новороденче во период од 10 години добиваше финансиски надоместок од околу 960.000 денари, а со новиот закон ќе зима еднократна помош од само 60.000 денари со што државата сака да „заштеди“ по 900.000 денари односно околу 15 илјади евра од секоја родилка.

Коронавирус