понеделник, 21. јуни 2021. Вести денес: 142
home Вести

Укината забраната за сообраќај на тешки моторни возила на патниот правец Струмица-Валандово

Укината забраната за сообраќај на тешки моторни возила на патниот правец Струмица-Валандово

Забраната за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Струмица-Валандово е укината од 13.45 часот, соопштуваат од Македонија пат.

Забраната беше воведена поради голомразица.

Поради врнежи од снег и ниски температури  забрана за сообраќај на тешки товарни возила има и на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот премин Стража, како и на патниот правец крак Маврово – Дебар.

На патниот правец Тетово – Попова Шапка поради врнежи од снег и ниски температури на учесниците во сообраќајот им се препорачува задолжително да носат зимска опрема  и по потреба истата спрема условите на патот да ја употребат.

Најнови вести

ЕУРО 2020

Македонија