понеделник, 24. јануари 2022. Вести денес: 57
home Вести

Укината забраната за сообраќај на камиони на Стража

Укината забраната за сообраќај на камиони на Стража

Укината е забраната за сообраќај на тешки товарни возила на планинскиот премин Стража.

Како што информира АМСМ, забраната за сообраќај на овој планински премин е укината од 12:30 часот.

Претходно од 11:00 часот беше укината и забраната за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Кичево – Охрид, преку планинскиот превој Пресека, а од 10:30 часот беше нормализиран сообраќајот на патниот правец Дебар – Маврово, кај местото викано Врбјанска Раскрсница, што половина час беше во прекин во двата правци поради паднато дрво.

Се уште е во сила забраната за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Битола – Ресен, преку планинскиот премин Ѓавато, што беше воведена во 9:40 часот, на патот Гостивар – крак Маврово – Дебар, што е во сила од 6:30 часот, како и на патниот правец Р1209 Тетово – Попова Шапка, воведена вчера во 22:00 часот. За останатите видови на возила на патниот правец Р1209 Тетово – Попова Шапка е задолжителна употреба на зимска опрема.

Коронавирус