петок, 28. јануари 2022. Вести денес: 160
home Вести

Укината забраната за камиони на Тетово – Попова Шапка, сообраќајот по влажни коловози

Укината забраната за камиони на Тетово – Попова Шапка, сообраќајот по влажни коловози

Од 18:00 часот (02.12.2021) е укината забраната за ТТВ на патниот правец Р1209 Тетово – Попова Шапка.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по наместа влажни коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Коронавирус