среда, 21. август 2019. Вести денес: 86
home Вести

Укината забраната за движење во шуми и шумски подрачја

Укината забраната за движење во шуми и шумски подрачја

Укината е забраната за движење во шуми  и шумски подрачја што беше во сила од 29-ти минатиот месец поради појавата на голем број пожари.

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство  денеска соопшти дека одлуката за делумна забрана за движење во шуми се укинува поради тоа што моментно согласно со добиените информации од терен, нема активни пожари и нема опасност од појава на нови шумски пожари.

Екипите од Државниот инспекторат за земјоделство, Шумската полиција и Државниот инспекторат за шумарство и ловство и во следниот период ќе ја следат состојбата на терен, информира МЗШВ.

Оттаму потсетуваат дека се забранува палење на стрништа, плевел и други растителни отпадоци во ловиштата, согласно член 23 од Законот за ловството  и друг земјоделски отпад на земјоделско земјиште како превентивна мерка за заштита на шумски пожари.

За непочитување на одредбите од Законот за ловството се предвидува глоба во износ од 1.500 до 3.000 евра во денарска противвредност за прекршок на физичко лице согласно член 79 од тој Закон.