сабота, 25. јуни 2022. Вести денес: 95
home Вести

Укината одлуката за ограничување на извозот на масло од сончоглед

Укината одлуката за ограничување на извозот на масло од сончоглед

Владата на денешната седница донесе одлука да престане важноста на одлуката за ограничување на извозот на масло од сончоглед, информира владината прес-служба.Одлуката била донесена врз основа на констатираната состојба дека тековното домашно производство на масло од сончоглед редовно го снабдува домашниот пазар за потребите за широка потрошувачка односно за сервисирање на граѓаните, оти постоечките количини позитивно влијаат на стабилната состојба со овој основен прехранбен производ, како и дека нема потреба да се создаваат вишоци, односно залихи на масло од сончоглед за јадење. 

Коронавирус