сабота, 19. септември 2020. Вести денес: 38
home Вести

УЈП не кажува дали „Мамас“ на Заеви платила предвреме данок, екс-премиерот се фали

УЈП не кажува дали „Мамас“ на Заеви платила предвреме данок, екс-премиерот се фали

Го послушаа ли фирмите на семејството Заеви апелот да ги плата предвреме даноците кон државата? Алфа праша во Управата за јавни приходи. Ни побараа официјално преку маил да им се обративме. Тоа и го сторивме. Прашавме, на пример конкретно, дали фирмата „Мамас“ покажа солидарност кон државата и аконтативно ги подмири обврските, со цел државата да има повеќе пари за да им се помогне на оние фирми кои немаат?

До овие вести од УЈП не даваат одговор.

На последното интервју Заев не кажа конкретно кои фирми од неговото семејство и помогнале на државата плаќајќи данок. Ама се пофали дека некои го направиле тоа. Не заборавајќи да каже оти тоа било должност на најбогатите во земјата. Ама сепак, без да посочи на точните фирми од неговото семејство.

И авансно си ги плаќаат своите обврски, тие кои што функционираат. Еден дел се погодени заради тоа што работат во дејности кои дирекно се погодени ….Имаат право да аплицираат за помош, законот важи за сите, вели Заев.

Никогаш не одговори на прашањето на Алфа дали и колку донирале нивните компании за излез од кризата. Не кажа ни на последното интервју. Посочи дека не сакал да се фали оти донирал, ама сепак си кажа.

Вие новинарите да проверите кон сиромашните луѓе што се случува со пакетите, за лечење на луѓе, со одредени други помагања…нека си кажат луѓето. Јас не би сакал да зборувам за тоа и верувам дека сме едни од поголемите донатори како семејство Заеви, рече екс премиерот.

Алфа побара од УЈП и листа кои други богати компании предвреме платиле даноци кон државата, но и таква информација до сега нема. Ако транспарентноста е одлика на власта, прашањето е зошто недостига во услови кога оние кои покажале солидарност треба да се поттик и будење на свеста за останатите компании?

Коронавирус