среда, 5. август 2020. Вести денес: 171
home Вести

УХРМ СО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Ова мора да го имате на ум за утре и задутре, а еве какво време не очекува по пресвртот!

УХРМ СО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Ова мора да го имате на ум за утре и задутре, а еве какво време не очекува по пресвртот!

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне претежно во планинските региони на запад ќе има услови за изолирана нестабилност со краткотраен дожд и ретки грмежи. Ќе дува умерен до засилен северен ветер кој преку денот најизразен ќе биде вдолж Повардарието.

Во понеделник времето ќе биде сончево со мала облачност. Ќе дува засилен ветер од северен правец, особено изразен вдолж Повардарието.

Во вторник времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Додека пак во среда времето ќе биде исто така сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

УХМР предупредува дека утре и во понеделник ќе дува засилен северен ветер, особено вдолж Повардарието, а тоа ќе услови опаѓање на температурата за околу 5 степени (утре на северот, а во понеделник насекаде низ земјава).

Коронавирус