петок, 23. јули 2021. Вести денес: 6
home Вести

УХРМ објави какво време не очекува до крајот на денот, ова се деталите

УХРМ објави какво време не очекува до крајот на денот, ова се деталите

Времето до крајот на денов наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во вечерните часови врнежите насекаде ќе престанат, а во текот на ноќта облачноста ќе се намалува, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Околу пладне и попладне ќе има појава на локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20, а максималната ќе достигне од 25 до 34 степени. УВ индексот ќе биде 8.

Во Скопје, претпладне сончево со мала до умерена облачност, околу пладне и попладне нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 31 степен.

Од УХМР информираат дека и во понеделник во попладневните часови ќе има појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време и услови за појава на град.

Од вторник следува стабилизирање на времето со дневни температури кои насекаде ќе бидат над 30 степени.

Коронавирус