среда, 21. октомври 2020. Вести денес: 0
home Вести

УХМР: Зголемено нивото на реките

УХМР: Зголемено нивото на реките

Зголемено ниво на реките во однос на просекот за јуни денеска се бележи на Вардар кај Демир Капија, Пчиња кај Катлановска Бања, Брегалница кај Штип, како и на Бабуна кај Богомила.

Според мерењата на Управата за хидрометеоролошки работи, потпросечни се нивоата на Црни Дрим кај Ложани и на Крива Река кај Крива Паланка.

Податоците на УХМР покажуваат дека водостоите на Охридското, Препанското и Дојранското Езеро се во рамки на просекот.

Коронавирус