четврток, 3. декември 2020. Вести денес: 41
home Вести

УХМР за утре најавува невреме со пороен дожд

УХМР за утре најавува невреме со пороен дожд

За време на утрешниот празничен ден на повеќе места ќе има поизразена нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално тоа ќе биде и во форма на невреме со пообилен пороен дожд и појава на град, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Нестабилно ќе биде и в петок, особено во западните и јужните делови. Од сабота се очекува стабилизирање на временската состојба со постепен пораст на дневната температура.

Коронавирус