четврток, 21. јануари 2021. Вести денес: 158
home Вести

УХМР за утре најави нестабилно време

УХМР за утре најави нестабилно време

Времето утре ќе биде променливо облачно со повремен дожд, најпрво во западните делови. На повеќе места ќе биде нестабилно облачно со пороен дожд и грмежи, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Локално се можни поинтензивни процеси со обилен пороен дожд, особено во западните и јужните делови од државата.

Максималната температура ќе биде во интервал од 20 до 34 степени.

Со Скопје слично време, со температура од 17 до 31 степен.

Во среда и четврток ќе биде посвежо со умерен до засилен северозападен ветер. Потоа ќе следува период на претежно стабилно време, а во попладневните часови во планинските предели можна е ретка појава на пороен дожд со грмежи.

Коронавирус