сабота, 27. ноември 2021. Вести денес: 76
home Вести

УХМР со временска прогноза до недела (ФОТО)

УХМР со временска прогноза до недела (ФОТО)

Утре наутро по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла и ниска облачност. Преку денот ќе биде сончево со мала, а во западните делови умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен југозападен ветер, кој во западните делови повремено ќе засилува.

До петок ќе се задржи стабилно и релативно топло време. По котлините и речните долини ќе има појава на утринска магла и ниска облачност, најизразени утре наутро.

Во сабота ќе има повремен дожд претежно во западните делови, а во недела со врнежите од дожд ќе дува и засилен северозападен ветер. Дневната температура од недела ќе биде пониска.

Коронавирус