недела, 20. јуни 2021. Вести денес: 100
home Вести

УХМР СО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ДО СИТЕ: Ни доаѓа невреме во земјава, подгответе се на време!

УХМР СО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ДО СИТЕ: Ни доаѓа невреме во земјава, подгответе се на време!

Времето утре ќе биде претпладне сончево и топло со мала облачност. Попладне, претежно на истокот и североистокот од земјава ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Во понеделник времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Можна е појава на град.

Во вторник времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во јужните делови.

Во среда времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

УХМР издаде и актуелно предупредување за деновите од идната недела.

Од понеделник следува период на променливо облачно време, околу пладне и попладне на повеќе места нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен дожд за кратко време, почести електрични празнења и појава на град.

ЕУРО 2020

Македонија