вторник, 19. јануари 2021. Вести денес: 27
home Вести

УХМР со предупредување дека доаѓа снегот- еве ја деталната временска прогноза за цела недела

УХМР со предупредување дека доаѓа снегот- еве ја деталната временска прогноза за цела недела

Времето утре ќе биде сончево со умерена облачност, по котлините во поголем дел од денот значително облачно со појава на магла.

Времето задутре ќе биде сончево со мала до умерена облачност. По котлините значително облачно со појава на магла, особено претпладне. На места ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Времето во четврток ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Претпладне по котлините ќе има појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец.

Во петок времето ќе биде променливо облачно, кон крајот на денот и во вечерните часови со врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен, а попладне од северозападен правец.

За викендов УХМР најавува и облачно време со врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места врнежите ќе бидат од снег.

Коронавирус